Почитувани колеги,
По петти пат, СММ и ДФРМ, заедно со Природно – математичкиот факултет и Институтите за физика и математика, ја организираат Меѓународната конференција за образованието по математика, физика и сродни науки, која ќе се одржи во просториите на ПМФ – Скопје, во периодот 28 – 30.11.2025.
ПОСВЕТЕНА НА ПРОФ. Д-Р НАУМ ЦЕЛАКОСКИ
Организатори
Сојуз на математичари на Македонија (СММ)
Друштво на физичарите на Република Македонија (ДФРМ)
Природно-математички факултeт при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје
Јазик на конференцијата
англиски и македонски
Време на одржување
28 – 30 ноември 2023
Место на одржување
Природно-математички факултет во Скопје
Котизација
1800 денари (за наставен кадар од основните и средните училишта)
3000 денари (за универзитетски кадар, вработени во државни образовни институции и други)
Важни датуми (крајни рокови за испраќање)
Пријава за учество (вклучува наслов и апстракт – google форма)* 01.10.2025
Плаќање котизација 15.11.2025
Готов труд** 30.11.2025
*За пријавување пополнете ја следната google форма: https://forms.gle/Av5Tv6WrXEVJRpRW9
Сите прашања за конференцијата и изготвените трудови се испраќаат на komfsn@gmail.com
**Само презентираните трудови на конференцијата ќе бидат објавени во Зборникот на трудови на конференцијата. Програмскиот одбор го задржува правото дел од пријавените учесници да ги префрли во постер секција заради оптимизирање на програмата на конференцијата.
Контакти:
Проф. д-р Анета Гацовска – Барандовска, 070 260 811, agacovska@gmail.com
Проф. д-р Боце Митрески, 078 278 545, bocemitrevski@gmail.com
Ваш СММ!