Почитувани,
Ве известуваме дека Јуниорската македoнска математичка олимпијада (ЈММО) 2025 ќе се одржи на 18 мај 2025 година со почеток во 10 часот во просториите на Природно-математички факултет во Скопје, во зградата на Институтот за хемија (долна зграда).
На ЈММО се покануваат учениците:
од 7 одделение кои на Државниот натпревар се рангирани на места 1 до 6,
од 8 одделение кои на Државниот натпревар се рангирани на места 1 до 12,
од 9 одделение кои на Државниот натпревар се рангирани на места 1 до 18.
Целосниот список може да се погледне тука.
Дополнително на ЈММО може да учествуваат и учениците од средно образование кои се родени на или после 26 декември 2009 година и имаат барем пофалница на државниот натпревар за средно образование. Истите да се пријават на jovceski_ilija@yahoo.com најдоцна до 14.05.2025 година.
Сите учесници на ЈММО треба да бидат пред долната зграда на ПМФ најдоцна до 9 часот и 30 минути.
Заради дополнително тестирање за државен првак за 6 одделение, ве известуваме дека во истото време треба да дојдат и сите ученици од 6 одделение кои на Државниот натпревар за основно образование имаа по 95 поени. Тестирањето ќе се одржи заедно со ЈММО.
Ваш СММ!