Информации за учесниците на Државниот натпревар по математика за основно образование

Почитувани,

Државниот натпревар по математика за основно образование ќе се одржи на 03.05.2025 година (сабота) во просториите на Природно-математичкиот факултет (ПМФ) во Скопје.

Секој ученик треба да го прочита списокот и да провери во која просторија е распределен на денот на натпреварот.

Натпреварот ќе се одвива во следните згради и простории на Природно-математичкиот факултет (ПМФ) во Скопје:

Горна зграда – стар дел:

  • Математички амфитеатар – прв спрат
  • Физички амфитеатар – приземје

Горна зграда – нов дел:

  • Информатички амфитеатар – трет спрат
  • Просторија М244 – втор спрат

Долна зграда – Хемиски институт:

  • Просторија 124- прв спрат
  • Хемиски амфитеатар

Важно:

  • Учениците треба да пристигнат на ПМФ во 09:00 часот за натпреварот да започне навреме.
  • Натпреварот почнува во 10:00 часот и трае 3 часа.
  • Учениците самостојно се упатуваат до соодветните простории.
  • Во објектите ќе има студенти кои ќе помогнат за ориентација и насочување на учениците.

Ви посакуваме многу успех на натпреварот!

Ваш СММ!