Ни претставува особена чест да објавиме дека на 42. Балканска математичка олимпијада (БМО 2025) – која годинава се одржува во Сараево, Босна и Херцеговина – македонската репрезентација постигна одличен успех!
На овој престижен меѓународен собир на млади математички умови, во конкуренција на 141 натпреварувачи, од 23 држави на три континенти, нашата репрезентација се закити со еден златен, еден сребрен и три бронзени медали.
- ДАМЈАН ДАВКОВ (златен медал; со освоени 33 поени)
- АЛЕКСИЈ ТАСИЌ (сребрен медал; со освоени 28 поени)
- БРАНКО ЈАНГЕЛОВСКИ (бронзен медал; со освоени 22 поени)
- ЛЕОНИД ТОДОРОСКИ (бронзен медал; со освоени 20 поени)
- ИВАНО БОЖИНОВСКИ (бронзен медал; со освоени 18 поени)
Успехот на овие наши деца е успех за целата татковина!
Им честитаме и им посакуваме уште многу идни академски достигнувања!
Ваш СММ…


