Почитувани,
МАНУ, СММ и ЗИМ повторно организираат Математички институт за научно-истражувачки подмладок за откривање на надарени и талентирани ученици за математика и информатика од најрана возраст (8-мо одделение од основните училишта до четврта гоодина од средните училишта) и нивно понатамошно поттикнување и воведување во научно-истражувачка работа.
Учениците подготвуваат труд од одредена тема од математика/информатика предложена од Институтот, од ментор или самостојно избрана.
Трудовите треба да бидат испратени најдоцна до 1 јуни 2025 година на следните контакт лица:
Ѓорѓи Маркоски: gorgi.markoski@gmail.com – трудовите од математика
Миле Јованов: mile.jovanov@gmail.com – трудовите од информатика
Трудовите ке бидат рецензирани и најдобрите од нив ке бидат поканети да бидат претставени на Ученичка конференција по математика и информатика на крајот на јуни 2025 година во Охрид.
Во прилог се техничките детали околу изработката на трудот.
Ваш СММ!