ПИ-ДЕН 2025

Почитувани,

Сојузот на математичари на Македонија во чест на меѓународниот ден на математиката, 14 март, организира математички државен електронски натпревар ПИ-ДЕН 2025. 

Натпреварот, ќе се реализира со помош на компјутер, мобилен телефон, таблет или кој било друг уред со чија помош може да пристапите до електронската локација која ќе биде отворена два часа за секоја од категориите, односно:

  • 1 до 5 одделение, има пристап до системот во 10 часот на 16.03.2025 година
  • 6 до 9 одделение, има пристап до системот во 12 часот на 16.03.2025 година
  • I до IV година и 18+, има пристап до системот во 14 часот на 16.03.2025 година

Пријавувањето на натпреварувачите се врши на следниов линк и трае до 12 март 2025 година до 23 часот и 59 минути

Податоци за котизација:
Сојуз на математичари на Македонија
Жиро сметка: 300000001276071,
депонент на Комерцијална банка АД (со назнака „Котизација за ПИ-ДЕН 2025“)

Котизацијата за овој натпревар е 100 денари и треба да се уплати на сметката на СММ до 13 март 2025 година.

Натпреварот трае 90 минути. Секој пријавен учесник на натпреварот ќе добие сертификат за учество и потврда за постигнатиот успех. Во конечниот пласман ќе има влијание и времето за кое се испратени одговорите на задачите.

Пример за изгледот на дел од задачите на натпреварот може да видите на следниов линк .

Ваш СММ!