Шести меморијален натпревар „Александар Блажевски-Цане“

Почитувани натпреварувачи,
Ве потсетуваме дека шестото издание на меморијалниот математички натпревар „Александар Блажевски – Цане“ ќе се одржи претстоечкиот викенд, на 25-26 јануари 2025 година во просториите на Природно-математичкиот факултет во Скопје.
Поканетите учесници ги очекуваме пред факултетската зграда најдоцна до 9:30 часот. Почетокот е во 10 часот.

Во име на Комисијата за ММО и меѓународни натпревари за средно образование
Мирко Петрушевски

Ваш СММ!