Шести меморијален натпревар „Александар Блажевски-Цане“

Почитувани натпреварувачи,
Ве известуваме дека шестото издание на меморијалниот математички натпревар во чест на
прерано починатиот голем македонски математичар Александар Блажевски – Цане ќе се одржи
на 25-26 јануари 2025 година.
Станува збор за натпреварување од олимписки формат: тестот се состои од шест задачи (по три во два натпреварувачки дена), за чие решавање се предвидени по 4 и пол саати дневно. Натпреварот се реализира во две категории: ЈУНИОРИ и СЕНИОРИ. Тежината на задачите во категоријата ЈУНИОРИ (одн. СЕНИОРИ) е приближна на тежината на задачите од последното издание на ЈММО (одн. ММО). Списоците на поканети по категорија можете да ги погледнете тука. Очекуваме да земат учество сите наградени на 28. ЈММО и сите наградени учесници на 31. ММО.
Воедно, натпреварот претставува и единствено изборно натпреварување за ЕГМО 2025. Во
конкуренција (за четиричлената македонска екипа) се сите натпреварувачки во категоријата
СЕНИОРИ. Оттаму, секоја ученичка која е поканета во категоријата ЈУНИОРИ може да одбере да се натпреварува во категоријата СЕНИОРИ.

Во име на Комисијата за ММО и меѓународни натпревари за средно образование
Мирко Петрушевски

Ваш СММ!