НОЕМВРИ МЕСЕЦ НА НАУКАТА 2024

Драги ученици, почитувани наставници и родители,

Со големо задоволство ве покануваме да бидете дел од овогодишната манифестација за популаризација на природните науки „Ноември – месец на науката“. Главни организатори на оваа манифестација се Сојузот на математичарите на Македонија (СММ) и Природно-математичкиот факултет во Скопје. Други учесници во организацијата се: Македонското биолошко друштво (МБД), Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија (СХТМ), Македонското географско друштво (МГД).

Овој настан е отворен за сите ученици од основните и средните училишта, како и за нивните оддленски наставници, наставници по природни науки, математика, биологија, хемија и географија. Природно-математичкиот факултет во Скопје ќе биде домаќин на ова научно патување, кое ќе се одвива во текот на два викенди во ноември 2024 година, и тоа:

• 23 ноември 2024 за учениците од основните училишта

• 30 ноември 2024 за учениците од средните училишта

Настанот ќе биде збогатен со различни активности како: научно-популарни предавања, натпревар во експеримент /изработка/симулација/модел од ученик, презентации на искуства од наставници, работилници, посета на лаборатории на ПМФ и други активности.

За начинот на пријавување и било која информација во врска со Месец на науката 2024 обратете се на следната веб страна:

https://mesecnanaukata2024.weebly.com/

Да се вклучиме сите заедно и да придонесеме кон популаризацијата на природните науки!

Ваш СММ!