МЕО-Македонска економска олимпијада

Почитувани,

СММ организира Македонска економска олимпијада (во понатамошниот текст МЕО) за учениците од средното образование во Република Северна Македонија.

МЕО е годишна државна олимпијада првенствено наменета за стимулирање и продлабочување на знаењата од економија, финансии, бизнис и примена на математичките модели во економијата, за учениците заинтересирани за овие области.

Повеќе детали во Правилникот за МЕО.

Првата македонска економска олимпијада е планирана да се одржи во тек на викендот 13-14
мај 2023 година.
За местото и времето на одржување и начинот на пријавување навремено ќе бидете известени.

Ваш СММ!