Информации за Државниот натпревар за средно образование 2021

Почитувани,

Државниот натпревар по математика за учениците од средните училишта ќе се одржи по следниот распоред:

  • втора (II) и четврта (IV) година на 8.05.2021 година, сабота
  • прва (I) и трета (III) година на 9.05.2021 година, недела

Почетокот на натпреварот е во 10 часот.

Очекуваме учениците да се пред влезот на Природно математичкиот факултет во Скопје, во 9:30 со цел навремено распоредување во амфитеатрите.

Ве потсетуваме да ги почитувате мерките за безбедност и по завршување на натпреварот да го напуштите факултетот.

Резултатите и приговорите ќе бидат објавени и примени преку електронска комуникација со комисијата за организација и спроведување на натпреварот.

Се гледаме на ПМФ!

Ваш СММ!