Управниот одбор (УО) на својот прв состанок, одржан на 19.08.2019 година, избра претседатели на комисиите за натпревари на учениците од основното и средното образование и избра главни и одговорни уредници на списанијата: Математички билтен, Сигма и Нумерус. На тој состанок беа избрани потпретседател, благајник и секретар на СММ. Избрана е и комисија која ќе се грижи за организирање и реализирање на математички школи, кампови и обуки за учениците и наставниците.
Комисиите веќе ја започнаа својата работа.
СММ им посакува успешна работа!