Според статутот на СММ (член 24, став 11 и став 12), управниот одбор ги организира натпреварите по математика и одлучува за учество на ученици и студенти на меѓународни натпревари по математика.
СММ организира:
– натпревари за учениците од основното образование (решение за акредитација)
– натпревари за учениците од средното образование (решение за акредитација)
Претседатели на комисиите за задачи за натпревари:
Д-р Анета Гацовска-Барандовска, вонреден професор на Институтот по математика при Природно-математичкиот факултет во Скопје, за претседател на комисијата за задачи за натпревари (заклучно со државниот натпревар) за средно образование
Контакт: agacovska@gmail.com
Д-р Слаѓана Јакимовиќ, редовен професор на Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ во Скопје, за претседател на комисијата за задачи за натпревари по математика (заклучно со регионалниот натпревар) во одделенска настава
Контакт: slagjana.jakimovik@gmail.com
Академик Дончо Димовски, редовен професор (во пензија) на Институтот по математика при Природно-математичкиот факултет во Скопје, за претседател на комисијата за задачи за натпревари по математика (заклучно со државниот натпревар) во предметна настава
Контакт: ddimovskid@gmail.com
Д-р Мирко Петрушевски, вонреден професор на Машинскиот факултет во Скопје, за претседател на комисијата за Македонска математичка олимпијада и за меѓународни натпревари за средно образование
Контакт: mirko.petrushevski@gmail.com
м-р Илија Јовчески, асистент на Институтот по математика при Природно-математичкиот факултет во Скопје, за претседател на комисијата за Македонска математичка олимпијада за учениците до 15,5 години и меѓународни натпревари за учениците до 15,5 години
Контакт:jovceski_ilija@yahoo.com
Дел од задачите кои се дел од системот на натпревари во изминатиов период може да ги најдете на страната која ја подготвува Стефан Лозановски.