ПИ-ДЕН информации!

Почитувани,

Поради огромниот интерес за учество на електронскиот натпревар ПИ-ДЕН, го продолжуваме рокот за пријавување до 12.03.2020 година четврток до 23 часот и 59 минути.

Пријавата за натпреварот задолжително треба да ја направите на следниот линк.

Повеќе информации за електронскиот натпревар ПИ-ДЕН може да најдете на страницата на натпреварот: https://smm.org.mk/natprevari/pi-den/.…

Прочитај повеќе

Информации за државниот натпревар за средно образование

Имајќи ја предвид новонастаната состојба, поврзана со прекинот на наставата во средните училишта, СММ донесе одлука за одложување на државниот натпревар по математика за учениците од средното образование кој беше закажан за 14 март 2020 година.

За понатамошни информации следете ја веб страната на СММ.

Ваш СММ!…

Прочитај повеќе

Задачи и резултати од општинскиот натпревар за учениците од основното образование

Почитувани, на 29.02.2020 година се одржа општинскиот натпревар по математика за учениците од основното образование. Во прилог се задачите од натпреварот.

Резултатите по региони се следниве:

Берово, Делчево Битола, Ресен Гостивар
Гевгелија, Дојран, Богданци Дебар, Маврово-Ростуше и Центар ЖупаКавадарци, Неготино
Кичево Кочани, Виница Крива Паланка, Кратово
Куманово Прилеп, Крушево Охрид
Струга Струмица, Радовиш, Валандово Карпош, Ѓорче Петров, Сарај
Гази Баба Чаир, Шуто Оризари, БутелКисела Вода
Центар Тетово Велес, Свети Николе
Штип, Пробиштип Аеродром

Ги замолуваме училиштата да се пријават за домаќини на регионалниот натпревар за учениците од основното образование на smm.osnovno@gmail.com.…

Прочитај повеќе

Информации за државниот натпревар и ММО за средно образование

Почитувани,

Државниот натпревар по математика за учениците од средното образование ќе се одржи на 14.03.2020, со почеток во 10.00 часот на Природно-математичкиот факултет во Скопје. Се молат учениците да бидат во просториите на факултетот во 9:30 часот. 

Македонската математичка олимпијада (ММО), за учениците од средно образование, ќе се одржи на 4.04.2020, со почеток во 10:00 часот, во просториите на Природно-математичкиот факултет. …

Прочитај повеќе

Избрана е македонската екипа за EGMO

Почитувани,

на 29.02.2020 година (сабота) во математичкиот амфитеатар на ПМФ-Скопје се одржа финалното тестирање за комплетирање на македонската екипа за овогодинешната Европска Женска Математичка Олимпијада (ЕГМО 2020). Во прилог се задачите и официјалните решенија со шема за бодување.

Екипата во состав:

  • Анастасија Тортевска (МКД 1)
  • Христина Митреска (МКД 2)
  • Јасна Илиева (МКД 3)
  • Кристина Тасева (МКД 4)

ќе ја предводи проф д-р Анета Гацовска Барандовска, а заменик водач ќе биде Ерблина Зеќири.…

Прочитај повеќе

Конечни резултати од тестирањата за EGMO

Почитувани,

Во прилог се конечните резултати од двете тестирања за македонска екипа за EGMO 2020.

Претседател на комисијата за Македонска математичка олимпијада и за меѓународни натпревари за средно образование

Д-р Мирко Петрушевски…

Прочитај повеќе

Решенија на конкурсните задачи од Нумерус XLV-2

Почитувани читатели на Нумерус, во пресрет на општинскиот натпревар по математика за учениците од основните училишта, ги објавуваме решенијата на Конкурсните задачи од Нумерус XLV-2:

Ви посакуваме успех на општинскиот натпревар!

Уредувачки одбор на списанието „Нумерус“…

Прочитај повеќе

Известување за училишта-домаќини на општинскиот натпревар за учениците од основното образование

Почитувани,

во прилог е листата на домаќини за општинскиот натпревар за учениците од основните училишта, кој ќе се одржи на 29.02.2020 со почеток во 10.00 часот. Се молат учесниците да бидат на местата на одржување на натпреварот најдоцна во 9.30 часот утрото. Ве потсетуваме дека натпреварот трае 120 минути. За сите прашања обратете се на smm.osnovno@gmail.com.…

Прочитај повеќе

ПИ-ДЕН

Почитувани,

Сојузот на математичари на Македонија во чест на Меѓународниот ден на математиката, 14 март (https://www.idm314.org/), на 14.3.2020 и 15.3.2020 година го организира математичкиот државен електронски натпревар ПИ-ДЕН. 

Натпреварот, ќе се одржи во категориите: 1 одделение, 2 одделение, 3 одделение, 4 и 5 одделение, 6 и 7 одделение, 8 и 9 одделение, I и II година, III и IV година и категорија 18+.…

Прочитај повеќе

Втор тест за избор на македонската екипа за EGMO 2020

На 23.02.2020 (недела) во математичкиот амфитеатар при ПМФ-Скопје се одржа второто (од предвидените две) тестирање за избор на македонска екипа за овогодинешното издание на престижната Европска Женска Математичка Олимпијада (EGMO 2020), која ќе се одржува во периодот 16.04 – 21.04. во Холандија. Во прилог се задачите и официјалните решенија (со официјалната шема за бодување) .…

Прочитај повеќе