Теми и предавачи на Есенската математичка школа 2020

Сојузот на математичари на Македонија во месеците октомври, ноември и декември организира Есенска математичка школа 2020. Темите и предавачите на Есенската математичка школа 2020 се:

  • 4 одд.
    Напредна математика за почетници, проф. д-р Ирена Стојковска, Институт за математика, Природно-математички факултет, Скопје
  • 5 одд.
    Множества, релации и пресликувања, доц. д-р Петар Соколоски, Институт за математика, Природно-математички факултет, Скопје
  • 6 одд.
Прочитај повеќе

Екипа за јбмо

Почитувани,

пријавена е екипата која ќе ја претставува нашата земја на 24. Јуниорска балканска математичка олимпијада

  • Дамјан Давков ученик од VII одделение при ООУ „Ванчо Прке“-Штип,
  • Никола Спировски ученик од IX одделение при ОУ „Ј. Х. Песталоци“-Скопје,
  • Марија Атанасова ученичка од IX одделение при ООУ „11 Октомври“-Скопје,
  • Матеј Гелев ученик од IX одделение при ООУ „Блаже Конески“-Велес,
  • Никола Цветаноски ученик од IX одделение при ООУ „Ѓорѓија Пулевски“-Скопје,
  • Емилија Николовска ученичка од IX одделение при ООУ „Григор Прличев“-Охрид.
Прочитај повеќе

Конечни резултати од ЈММО 2020

Почитувани,

во прилог се конечните резултати од Јуниорската македонска математичка олимпијада (ЈММО) која се одржа на 05.09.2020 година. Во табелата се наведени и освојувачите на медали. СММ на сите ученици им честита за постигнатите резултати.

Ваш СММ!…

Прочитај повеќе

Прелиминарни резултати од ЈММО

Почитувани,

Комисијата за Македонска математичка олимпијада за учениците до 15,5 години (ЈММО) и меѓународни натпревари за учениците до 15,5 години ја изготви прелиминарната ранг листа од JММО 2020.

Од причини што утре е последниот ден за пријавување на нашата екипа на ЈБМО 2020, приговори може да се поднесуваат до недела, 06.09.2020 година, до 11 часот, на dleskovski@gmail.com.…

Прочитај повеќе

Се одржа ЈММО

Почитувани,

денес со почеток од 10 часот во просториите на Природно-математичкиот факултет се одржа дваесет и четвртата Јуниорска македонска математичка олимпијада (ЈММО). Настанот се одвиваше во математичкиот амфитеатар со целосно почитување на протоколите за работа при физичко присуство на кандидатите.

Во прилог се задачите и решенијата на задачите како и предлогот за распределба на бодовите.…

Прочитај повеќе

Најава за Есенска математичка школа 2020 и пријавување учество

И оваа година, Сојузот на математичари на Македонија, во текот на месеците октомври, ноември и декември 2020 година, организира Есенска математичка школа 2020 наменета за учениците од 4 до 9 одделение од основните училишта и за учениците од 1 до 4 година од средните училишта од целата држава. Школата е наменета за сите ученици кои ја сакаат математиката и сакаат да ги откриваат убавините на математиката со продлабочување на постоечките знаења и стекнување нови знаења и вештини.…

Прочитај повеќе

Екипа за ИМО

Почитувани,

пријавена е екипата која ќе ја претставува нашата земја на 61 Интернационална математичка олимпијада.

  • Лука Грашкоски ученик од III година при Меѓународни Училишта „НОВА“-Скопје,
  • Алек Јармов ученик од IV година при СУГС „Раде Јовчевски Корчагин“-Скопје,
  • Дамјан Давков ученик од VII одделение при ООУ „Ванчо Прке“-Штип,
  • Благоја Младенов ученик од IV година при ПСУ „Јахја Кемал“ – Скопје,
  • Кристина Тасева ученичка од II година при ПСУ „Јахја Кемал“ – Скопје и
  • Бојан Димовски ученик од II година при ССОУ „Коле Неделковски”-Велес.
Прочитај повеќе

Конечни резултати од ММО

Почитувани,

во прилог се конечните резултати од Македонската математичка олимпијада (ММО) која се одржа на 29.08.2020 година. Во табелата се наведени и освојувачите на медали. СММ на сите ученици им честита за постигнатите резултати.

Ваш СММ!

Прочитај повеќе

Конечни резултати од државниот натпревар за основно образование

Почитувани,

во прилог се конечните резултати од XLV Државен натпревар по математика за учениците од основното образование кој се одржа на 22 и 23.08.2020 година.

Освојувачи на првите места на државно ниво, по одделенија, се учениците:

  • шесто одделение – Ивано Божиновски, ученик од ООУ „Ѓорѓија Пулевски“- Скопје,
  • седмо одделение – Нина Ламева, ученичка од ООУ,,Браќа Миладиновци”- Скопје,
  • осмо одделение – Алексиј Тасиќ, ученик од ООУ „Ѓорѓија Пулевски“- Скопје и
  • деветто одделение – Дрин Салиу, ученик од ОУ„Братство“- Скопје.
Прочитај повеќе

Прелиминарна ранг листа од ММО 2020

Почитувани,

Комисијата за Македонска математичка олимпијада и за меѓународни натпревари за средно образование ја изготви прелиминарната ранг листа од ММО 2020.

Приговори може да се поднесуваат до недела, 30.08.2020 година во 19 часот на mirko.petrushevski@gmail.com .

Претседател на комисијата за Македонска математичка олимпијада и за меѓународни натпревари за средно образование

Д-р Мирко Петрушевски…

Прочитај повеќе